Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Софрониј Стојанов

Роден е во с.Цер, Кичевско, на 8 октомври 1871 година. Завршува воено училиште во Софија, во 1892 година со чин потпоручник. Служи во Бугарската армија и напредува до поручник. Пролетта 1900 година ја напушта воената служба и се става на располагање на Врховниот македонски комитет, на чие чело е Б.Сарафов. Во декември 1900 година е испратен во Солун за да ја провери состојбата на Организацијата. На крајот од 1901 година е назначен за војвода на ВМОК и испратен во Малешевско и Горноџумајско. Во март 1902 година, во Малешевско, се среќава со Г.Делчев со кого расправале за улогата на двете организации. По средбата ја остава четата на располагање и самиот се враќа во Бугарија. Во септември 1902 година учествува во Горноџумајското востание организирано од ВМОК.

Пред Илинденското востание, пролетта 1903 година, е назначен за војвода на Кичевска чета, која е дел од одредот на А.Протогеров. Во тој одред се и војводите С.Нинев,Б.Сугарев и Д.Милев. По влегувањето се обидуваат да стигнат во Охридско и Кичевско.

На 28 април 1903 година се откриени од турски војници во горноџумајското с.Габрово и во борбата загинуваат СА.Стојанов, Б.Сугарев и Д.Милев, додека С.Нинев и А.Протогеров се ранети и успеваат да се спасат.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik